Phone
+389 70 699 424 +389 78 336 556Друштво за трговија и
услуги А Б Д – РЕНТ ДООЕЛ Експорт – Импорт Скопје, со ЕМБС: 7516100 и
ЕДБ: 4082021528987, со седиште на адреса ул. 168 бр. 1А Скопје – Чаир, како
давател на услуги поврзано со услужни дејности поврзани со копнениот превоз,
односно изнајмување на возила („rent-a-car“) ги пропишува следните:
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ЗАКУП
НА МОТОРНО ВОЗИЛО
1. Дефиниции:
1.1.
„Друштво“ е Друштво за трговија и услуги А Б Д
– РЕНТ ДООЕЛ Експорт – Импорт Скопје, со ЕМБС: 7516100 и ЕДБ:
4082021528987, со седиште на адреса ул. 168 бр. 1А Скопје – Чаир, кое се јавува
како давател на услуги, односно закуподавач на приватни моторни возила кои се
во сопственост или на друг начин отстапени на користење на Друштвото;
1.2.
„Други услуги“ се изнајмување на друг
вид опрема или производи заедно со изнајмувањето на моторното возило како што
се: седишта за деца, ГПС уреди,
вадење
зелен картон по зони, трансфер од и до аеродром на моторното возило и слично;
1.3.
„Договор за закуп“ е договор кој ги
обврзува Корисникот на услугите, односно Закупецот и Друштвото, склучен во
писмена форма согласно Законот за облигационите односи;
1.4.
„Корисник на услугите“ или „Закупец“ е физичко или
правно лице кое склучило Договор за закуп со Друштвото и кое лице или лица, или
од правното лице овластени лице или лица се јавуваат како Возач и/или
Дополнителен возач и кои се единствено овластени да управуваат со закупеното
моторно возило на начин утврден со овие Општи услови, Договорот за закуп и
позитивните законски прописи на Република Северна Македонија;
1.5.
„Возач“ е физичкото лице кое согласно Договорот
за закуп е овластено да управува со закупеното моторно возило на начин утврден
со овие Општи услови, Договорот за закуп и позитивните законски прописи на
Република Северна Македонија;
1.6.
„Дополнителен возач“ е физичкото лице кое
согласно Договорот за закуп е овластено, покрај Возачот, да управува со
закупеното моторно возило на начин утврден со овие Општи услови, Договорот за
закуп и позитивните законски прописи на Република Северна Македонија;
1.7.
„Датум на преземање на возилото“ е датумот на
склучување на Договорот за закуп помеѓу Друштвото и Корисникот на услугите,
односно Закупецот, како ден на премин во фактичко владение на моторното возило
на Корисникот на услугите, односно Закупецот, односно Возачот и/или
Дополнителниот Возач;
1.8.
„Датум на враќање на возилото“ е датумот
означен во Договорот за закуп, на кој Возачот и/или Дополнителниот Возач се
должни да го вратат моторното возило на Плацот на Друштвото;
1.9.
„Возен парк“ се сите расположливи
моторни возила се во сопственост или на друг начин дадени на користење на
Друштвото за целите за изнајмување на моторните возила на трети лица;
1.10.
„Плац“ преставува паркиралиштето на Друштвото
каде што се изложени моторните возила, спремни за преземање, од каде Корисникот
на моторното возило, односно Закупецот го презема моторното возило;
1.11.
„Интернет страница“ претставува интернет
страницата на Друштвото, односно „www.abdrentacar.com“;
1.12.
„Возачка дозвола“ е јавна исправа што ја
издава надлежен орган, со која се докажува правото на управување со одредени
категории на возила;
1.13.
„Лична карта“ е јавна исправа со
која се докажува идентитетот, државјанството на Република Северна Македонија,
живеалиштето и адресата на граѓанинот на Република Северна Македонија или
соодветна јавна исправа издадена од друга држава со која Република Северна
Македонија има склучено меѓународен договор кој дозволува влез на таквиот
странски државјанин на територија на Република Северна Македонија без патна
исправа, односно пасош, туку со лична карта;
1.14.
„Пасош“ е јавна исправа („патна исправа“)
издадена од надлежен орган на соодветната држава, чиј државјанин е имателот на
патната исправа;
1.15.
„Максимални километри за 1 ден“ е максималниот
износ на километри кои Корисникот на услугите, односно Закупецот може да ги
помине во 1 (еден) ден со закупеното моторно возило;
1.16.
„Штета“ е секој вид на материјална штета што
Корисникот на услугите, односно Закупецот ќе го причини на закупеното моторно
возило, без разлика на начинот и времето во кое е сторена штетата сѐ додека
таквата штета настанала на закупеното моторно возило за времетраењето на
Договорот за закуп, односно до моментот на враќање на закупеното моторно возило
на Друштвото;
1.17.
„Депозит“ претставува износ на парични средства кои
Корисникот на услугите, односно Закупецот ги депонира на Друштвото, со цел
обезбедување на обврските кои произлегуваат од Договорот за закуп, а кој износ
се засметува во вкупната закупнина за моторното возило;
1.18.
„Цена за ден“ претставува закупнина
за моторното возило, предмет на Договорот за закуп, за 1 (еден) ден;
1.19.
„Тотал“ претставува вкупната закупнина сметана по
изминати денови, за целото времетраење на Договорот за закуп која Корисникот на
услугите, односно Закупецот е должен да ја плати на име закупнина, намалена за
износот даден при склучување на Договорот за закуп на име на Депозит;
1.20.
„Регион на користење“ претставува географска
и функционална просторна површина која опфаќа територија на поименично одредена
држава, каде Корисникот на услугите, односно Закупецот може да го користи
закупеното моторно возило;
1.21.
„Документи“ претставуваат
севкупност на потребните документи кои се наоѓаат во моторното возило, како
сообраќајната дозвола, вклучувајќи ги и документите за премини преку државна
граница („зелен картон“) и слично, кои Возачот или Дополнителниот Возач се
должни да ги чуваат во возилото за кое се однесуваат.
2. Управување со
моторното возило
2.1.
Со моторното возило, предмет на Договорот за закуп, може
да управува само лице постаро од 18 година, кое има важечка возачка дозвола, а
кое е наведено во Договорот за закуп како Возач и/или Дополнителен Возач.
2.2.
Останати лица т.е. освен лицата утврден во Точка 2.1 на
овие Општи услови не смеат да управуваат со моторното возило.
2.3.
Во случаите од Точка 2.2 на овие Општи услови, односно
кога со моторното возило управуваат неовластени лица, Возачот и Дополнителниот
возач, заедно со лицата кое неовластено управуваат со моторното возило,
солидарно му одговараат на Друштвото за причинетата штета и тоа: материјална
штета, трошоци кон органи на правосудство, државни органи и институции, трошоци
по иницирани постапки, вклучувајќи ги, но не ограничено на адвокатски трошоци,
нотарски трошоци, трошоци за вешт наод и мислење, судски трошоци и друго.
2.4.
Со моторното возило, предмет на Договорот за закуп, може
да управуваат лица кои имаат валидна возачка дозвола и која возачка дозвола не
е предмет на забрана за управување со моторно возило, ниту пак истата е
одземена од страна на надлежен орган. Возачот и/или Дополнителниот возач со
приложување на увид на возачката дозвола гарантираат дека приложената возачка
дозвола е валидна и ослободена од наведените ограничувања, односно
неотповикливо му гарантираат на Друштвото за валидноста на таквата исправа. Возачот
и/или Дополнителниот Возач потврдуваат дека Друштвото при увид и прибавување на
копија од возачката дозвола не е во можност, ниту е овластен да ја испитува
веродостојноста на истата.
2.5.
Изнајменото моторно возило не смее да се
користи/употребува:
2.5.1.
За платен превоз на лица и стока;
2.5.2.
Ако лицето кое го склучило Договорот за закуп дало лажни
податоци;
2.5.3.
За кои било натпреварувања, брзинска проба или трки;
2.5.4.
Под влијание на алкохол;
2.5.5.
Под влијание на наркотични средства;
2.5.6.
Под влијание на средства за смирување, средства за спиење
и други лекови;
2.5.7.
Во случаи кога моторното возило не е во возна состојба
или истото е претоварено со прекубројни патници или багаж, измината
регистрација или која било причина кога таквото моторно возило не е технички
исправно;
2.5.8.
Надвор од категоризирани раскрсници;
2.5.9.
За извршување на кривично дело или прекршок;
2.5.10.
Одредени услови, забрани или препораки кои се на сила, а
кои се однесуваат на моторното возило во Регионот на користење;
2.5.11.
Спротивно на услови, забрани или препораки добиени од
страна на Друштвото;
2.5.12.
Спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на
патиштата на Република Северна Македонија и други позитивни законски прописи и
подзаконски акти;
2.6.
Возачот и/или Дополнителниот Возач се должни да
управуваат со моторното возило во согласност со позитивните законски прописи,
односно согласно правилата на сообраќајот и условите на патот во Регионот на
користење;
2.7.
Возачот и/или Дополнителниот Возач се должни да го
употребуваат моторното возило како добар стопанственик, односно добар домаќин.
2.8.
Возачот и/или Дополнителниот Возач може да го
употребуваат моторното возило само онака како што е определено со Договорот за
закуп и овие Општи услови.
2.9.
Возачот и/или Дополнителниот Возач одговараат за штетата
што ќе настане со употребата на моторното возило спротивно на договорот, без
оглед на фактот дали Возачот и/или Дополнителниот Возач го употребувале
моторното возило или лице по нивни налог или друго лице на кое тие му
овозможиле да го употребува моторното возило.
2.10.
Возачот и/или Дополнителниот Возач се должни да го чуваат
моторното возило и по престанување на Договорот за закуп или предвремено
враќање на моторното возило, да го вратат истото во исправна состојба, односно
неоштетено. Возачот и/или Дополнителниот Возач не одговараат за истрошеноста
која настанала со редовна употреба на моторното возило, како и за оштетувања
кои што потекнуваат од дотраеноста на моторното возило.
2.11.
Возачот и/или Дополнителниот Возач не смеат без претходна
писмена согласност да вршат промени, модификации, поправки, доградби или
наградби на кој било дел од моторното возило. Секоја промена, модификација,
поправка, доградба или наградба на моторното возило ќе премине во сопственост
на Друштвото без обврска на Друштвотоза надоместување на вредноста за таквата
корист, а доколку со таквата промена, модификација, поправка, доградба или
наградба се причини штета на моторното возило, Возачот и/или Дополнителниот
Возач одговараат за причинетата материјална штета во полн износ.
2.12.
Возачот и/или Дополнителниот Возач не смеат без претходна
писмена согласност да го користат моторното возило за рекламни цели.
2.13.
Моторното возило се изнајмува, односно издава и се враќа
со полн резервоар гориво соодветен за изнајменото моторно возило. Горивото не е
вклучено во цената, односно во закупнината за моторното возило. Во случај на
кусок на гориво при враќање од страна на Возачот и/или Дополнителниот Возач,
истото ќе се наплати од Возачот и/или Дополнителниот Возач од страна на
Друштвото.
3. Изнајмување на моторно возило
3.1.
Возилото го презема Возачот и/или Дополнителниот Возач со
склучувањето на Договорот за закуп за предметното моторно возило. Со потписот
од страна на Возачот и/или Дополнителниот Возач, тој/тие се согласуваат дека ги
прифаќаат и Општите услови, како и се согласуваат дека го преземаат предметното
моторно возило во исправна состојба со целосна опрема.
3.2.
Возачот и/или Дополнителниот Возач се должни да го вратат
возилото во предвидедниот рок, кој е наведен во Договорот за закуп, на Плацот
од каде што го имаат подигнато моторното возило.
3.3.
Возачот и/или Дополнителниот Возач се согласуваат дека во
случаите на предвремено враќање на моторното возило, односно враќањето на
моторното возило пред Датумот на враќање на возилото и тоа во рокот од
последната недела од Договор за закуп до 48 часа пред истекот на периодот на
закуп Друштвото по сопствено видување може да пресмета надоместок во висина од
30% од закупнината која би ја земало доколку моторното возило било вратено на
Датумот на враќање на возилото или да ги ослободи Возачот и/или Дополнителниот
Возач од ваквата обврска.
3.4.
Возачот и/или Дополнителниот Возач се согласуваат дека во
случаите на предвремено враќање на моторното возило, односно враќањето на
моторното возило пред Датумот на враќање на возилото и тоа во рокот последните
48 часа пред истекот на периодот на закуп Друштвото по сопствено видување може
да пресмета надоместок во висина од 50% од закупнината која би ја земало
доколку моторното возило било вратено на Датумот на враќање на возилото или да
ги ослободи Возачот и/или Дополнителниот Возач од ваквата обврска.
3.5.
Корисникот на услугата, односно Закупецот и Возачот и/или
Дополнителниот Возач можат да резервираат моторно возило во договор со
Друштвото и/или преку Интернет страницата на Друштвото. Во овие случаи Возачот
и/или Дополнителниот Возач можат да го подигнат моторното возило во ден кој тие
ќе го назначат, а кој Друштвото го потврдило како Датум на преземање на возило.
Во случаите во кои Корисникот на услугата, односно Закупецот и Возачот и/или
Дополнителниот Возач ќе го откажат ваквото преземање на возилото во последните
10 дена од денот означен како Датум на преземање на возилото, тие се согласни
дека Друштвото има право само на направените трошоци за резервација на
предметното возило ако тие се откажале поради околности кои не можеле да ги
избегнат или да ги отстранат и кои, да постоеле во времето на резервацијата на
возилото, би претставувале оправдана причина да не го резервираат возилото. За
направените трошоци Друштвото издава фактура.
3.6.
Доколку Корисникот на услугата, односно Закупецот и
Возачот и/или Дополнителниот Возач се откажат од резервација, а причина за тоа
не се околностите од Точка 3.5 на овие Општи
услови, односно од оправдани
причини, Друштвото има право на 50% од договорената цена за Договорот за закуп без разлика кога е
откажана резервација, односно периодот за кој моторното возило би било закупено
доколку Корисникот на услугата, односно Закупецот и Возачот и/или
Дополнителниот Возач не ја откажале резервацијата. За овој надомест Друштвото
издава фактура.
4. Одржување на
моторното возило
4.1.
За целото времетрање на Договорот за закуп, односно од
Датумот на преземање на возилото до Датумот на враќање на возилото Возачот
и/или Дополнителниот Возач се обврзуваат ќе се грижат за моторното возило,
односно:
4.1.1.
Редовно ќе го контролираат нивото на масло во моторното
возило;
4.1.2.
Ќе се грижат за исправноста на секој дел од моторното
возило, вкучувајќи, но не ограничено на: автоматски менувач (доколку возилото е
опремено со таков менувач), стоп светла, трепкачи, други делови кои се и не се
прикажани на контролната табла;
4.1.3.
Нивото на вода во ладилникот;
4.1.4.
Исправноста на акумулаторот;
4.1.5.
Правилниот притисок на гумите;
4.2.
Потребата од менување на масло, како и кој било друг дел
од моторното возило се предмет на оценка од страна на Друштвото. Возачот и/или
Дополнителниот Возач се должни да го известат Друштвото без одлагање за
потребата од каков било зафат на моторното возило. Во исклучителни случаи во
кои Возачот и/или Дополнителниот Возач мораат итно да реагираат со цел да
обезбедат исправност на моторното возило, трошоците кои ќе произлезат од Точка
4, ќе се признаат доколку Возачот и/или Дополнителниот Возач приложат фискална
сметка или фактура.
5. Дефекти
5.1.
Поправки или замена на делови на моторното возило се
вршат само во овластени сервиси, со претходна писмена согласност од страна на
Друштвото. Трошоците ќе бидат надоместени од страна на Друштвото доколку за
истите се приложи фискална сметка или фактура од страна на Возачот и/или
Дополнителниот Возач.
5.2.
Во случај на замена на делови на моторното возило Возачот
и/или Дополнителниот Возач се должни да ги приложат заменетите делови на
Друштвото при враќањето на моторното возило.
5.3.
Во случаите во кои поправката или замената на деловите на
моторното возило е направена во странство, односно надвор од границите на
Република Северна Македонија, Возачот и/или Дополнителниот Возач е должен при
преминот на границата да ја завери сметката или фактурата, и да го пријави
заменетиот дел. Во овие случаи надоместувањето на трошоците ќе се изврши по
проценка од страна на Друштвото, ако поправката или замената е направена без
претходна најава од страна на Возачот и/или Дополнителниот Возач на Друштвото
и/или во неовластен сервис.
5.4.
Доколку при враќање на моторното возило, се констатира
дека е изгубен кој било дел од моторното возило, опремата и додатната опрема на
моторното возило, истиот ќе биде наплатен по ценовникот на еден од овластените
сервиси на Друштвото, по избор на Друштвото.
6. Документи и
клуч
6.1.
Сите моторни возила, во сопственост или на друг начин
дадени на користење на Друштвото за целите на нивно изнајмување се опремени со
сите потребните Документи.
По
избор на Корисникот на услугите, односно Закупецот, односно Возачот и/или
Дополнителниот Возач може да се изврши соодветна доплата според важечкиот
ценовник на Друштвото за „зелен картон“ за одбраното моторно возило, доколку
истите патуваат со моторното возило надвор од територија на Република Северна
Македонија.
6.2.
Моторното возило, предмет на Договорот за закуп му се
предава на Возачот и/или Дополнителниот Возач со функционален клуч/клучеви.
7. Осигурување на
патници
7.1.
Со доплата во висина која се одредува според важечки
ценовник, Возачот и/или Дополнителниот Возач и патниците може да се осигураат
од телесни повреди и смрт, според важечка полиса за осигурување.
8. Осигурување на
моторното возило
8.1.
Сите моторни возила во сопственост на Друштвото или кои
на друг начин се дадени на користење на Друштвото, се осигурани против
одговорност од штета од трети лица. Осигурителната компанија ја покрива штетата
што ја направиле возилата, до висина со закон одредениот осигурителен износ на
денот на случување на штетата.
8.2.
Во случаите во кои осигурувањето не ја покрива штетата,
Закупецот, односно Возачот и/или Дополнителниот возач се солидарно одговорни да
му ја надоместат штетата на Друштвото, согласно Законот за облигационите односи
на Република Северна Македонија.
9. Незгоди
9.1.
За секоја сообраќајна незгода или друг вид на незгода со
која е причинета штета на моторното возило или за времетраењето на користење на
моторното возило, Возачот и/или Дополнителниот Возач се должни без одлагање да
го известат Друштвото, како и најблиската полициска станица.
9.2.
Во случаите во кои до незгодата е дојдено со друго
моторно возило, Возачот и/или Дополнителниот Возач се должни да го пополнат
полицискиот формулар и со регистарските ознаки на другото моторно возило,
возачот на таквото возило и податоците за осигурителната компанија на другото
моторно возило.
9.3.
Возачот и/или Дополнителниот Возач се обврзуваат дека во
случај на незгода ќе соработуваат со Друштвото во истрагата и евентуалната
постапка по незгодата.
9.4.
Во случаите во кои не се запазени одредбите од Точка 9 на
овие Општи услови, како и во случаите во кои незгодата е причинета по вина на
Возачот и/или Дополнителниот Возач, Возачот и/или Дополнителниот Возач ќе ги
сносат трошоците кои произлегуваат од незгодата, вклучувајќи ги, но не
ограничено на:
9.4.1.
Трошоци за поправка на моторното возило;
9.4.2.
Трошоци за иницирање на постапки;
9.4.3.
Адвокатски трошоци;
9.4.4.
Нотарски трошоци;
9.4.5.
Судски трошоци и судски такси;
9.4.6.
Други трошоци кои произлегуваат од незгодата;
10. Сообраќајни казни
10.1.
За целото времетраење на Договорот за закуп, Возачот
и/или Дополнителниот Возач се исклучиво одговорни за сите сторени сообраќајни
прекршоци, како и за штетата што би настанала за Друштвото по повод таквите
сообраќајни прекршоци.
10.2.
За целото времетраење на Договорот за закуп, Возачот
и/или Дополнителниот Возач се исклучиво одговорни за паркинг казни.
10.3.
За целото времетраење на Договорот за закуп, Возачот
и/или Дополнителниот Возач одговараат и за сторени прекршоци кои се
констатирани автоматски, односно со користење на посебни уреди – камери
(„фото-роботи“).
10.4.
Во случаите од Точки 10.1, 10.2 и 10.3 на овие Општи
услови, Возачот и/или Дополнителниот Возач се должни без одлагање, писмено, да
го известат Друштвото, во спротивно му одговараат на Друштвото за причинетата
штета.
10.5.
Во случаите во кои
Друштвото и на одговорното лице на Друштвото ќе бидат повикани на
прекршочна одговорност поради сторен прекршок како и иницирање на постапки за
неплатени паркинг казни, поради дејствија на Возачот и/или Дополнителниот Возач
од Точки 10.1, 10.2 и 10.3 на овие Општи услови и/или при евентуална пресуда
каде Друштвото и одговорното лице на Друштвото се огласени за виновни поради
таквите дејствија, Возачот и/или Дополнителниот Возач се обврзуваат дека на
Друштвото ќе му ја надоместат причинетата штета, вклучувајќи, но не ограничено
на:
10.5.1.
Адвокатски трошоци;
10.5.2.
Судски трошоци и судски паушали;
10.5.3.
Полн износ на причинета штета во смисла на парична глоба
за Друштвото и одговорното лице на Друштовото;
10.5.4.
Полн износ на долг во постапка за присилна наплата за
неплатени паркинг казни;
10.6.
Возачот и/или Дополнителниот Возач се согласни дека во
случаите од Точка 10.5 на овие Општи услови Друштвото ќе изготви фактура за
настанатите трошоци и истата ќе ја достави на адреса на живеалиште на Возачот
и/или Дополнителниот Возач кои се должни солидарно да му ја исплатат во рок од
8 дена од приемот на истата.
11. Плаќање на
закупнини за закупено моторно возило и Фактура
11.1.
Возачот и/или Дополнителниот Возач се должни на денот на
склучување на Договорот за закуп да го уплатат полниот износ на име на Депозит,
доколку таков износ е договорен со предметниот договор. Останатиот дел, односно
вкупната закупнина по Договорот за закуп намалена за уплатениот Депозит,
Возачот и/или Дополнителниот Возач се должни да ја платат на начин утврден со
овие Општи услови.
11.2.
По завршување на Договорот за закуп и враќање на
предметното моторното возило, Друштвото врши пресметка на закупнината која ја
должи Возачот и/или Дополнителниот Возач, за што изготвува соодветен финансиски
документ.
11.3.
Плаќањето на закупнините за моторното возило Возачот
и/или Дополнителниот Возач можат да ги извршат на еден од следните начини:
11.3.1.
Во готовина, за што се издава фискална сметка;
11.3.2.
Со платежна картичка, за што се издава фискална сметка;
11.3.3.
По фактура, во рок од 8 дена од денот на прием на
фактурата;
11.4.
Во случаите во кои Возачот и/или Дополнителниот Возач се
одлучил плаќањето да го изврши согласно Точка 11.3.3 на овие Општи услови, а
фактурата не е платена во рок од 8 дена од приемот на истата, Друштвото
пресметува законска казнена камата на износот до денот на плаќање, како и
паричен надоместок на име на финансиска дисциплина согласно Законот за
финансиска дисциплина, како и други трошоци и надоместоци кои му следуваат на
Друштвото согласно позитивните законски прописи.
11.5.
Износот на закупнините за моторното возило се
пресметуваат како збир на Цена по ден, за сите денови, односно целото
времетраење на Договорот за закуп за моторното возило.
11.6.
Возачот и/или Дополнителниот Возач се согласни покрај
закупнината да ги платат и надоместоците согласно Точки 3.3, 3.5 и 6.3 од овие
Општи услови.
12. Одговорност за причинета штета
12.1.
Возачот и/или Дополнителниот Возач одговараат за целата
штета на моторното возило, делови, додатната опрема која не се признава по
условите и одредбите на осигурувањето на моторното возило и/или Каско
осигурувањето.
12.2.
Возачот и/или Дополнителниот Возач одговараат и за
штетата која би настанала на моторното возило, деловите и додатната опрема од
несоодветна употреба, како и при неодобрена замена на делови или опрема или
замена на новите делови со стари делови и неоригинални делови.
12.3.
Возачот и/или Дополнителниот Возач се обврзуваат секоја
констатирана штета надвор од одредените услови, да ја подмират по добивање на
фактура од страна на Друштвото.
12.4.
Возачот и/или Дополнителниот Возач одговараат за
настанатата штета во случаите од Точки 2.3, 2.9 и 2.11 на овие Општи услови.
12.5.
Возачот и/или Дополнителниот Возач се одговорни и за
каков било друг вид на штета утврден со овие Општи услови, Законот за
облигационите односи и позитивните законски прописи на Република Северна
Македонија.
13. Лични податоци
13.1.
Корисникот на услугата, односно Закупецот и Возачот и/или
Дополнителниот Возач со склучувањето на Договорот за закуп се согласуваат
Друштвото да ги собира и обработува нивните лични податоци со цел спроведување
на одредбите од Договорот за закуп, согласно со Законот за заштита на личните
податоци, подзаконските акти и позитивните законски прописи.
13.2.
Корисникот на услугата, односно Закупецот и Возачот и/или
Дополнителниот Возач се запознаени и согласни за сите права и обврски согласно
Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти, како и со
информациите од Политиката за приватност на Друштвото во согласност со Законот
за заштита на личните податоци, објавени на Интернет страницата на Друштвото.
13.3.
Во случај кога Корисникот на услугата, односно Закупецот
и Возачот и/или Дополнителниот Возач нема да ги сподели соодветните лични
податоци со Друштвото, Друштвото нема да може да ги обезбеди неговите услуги,
односно нема да пристапи кон склучување на Договор за закуп.
13.4.
Друштвото собира и обработува повеќе категории на лични
податоци за Корисникот на услугата, односно Закупецот и Возачот и/или
Дополнителниот Возач, во врска со услугите кои Друштвото ги обезбедува, а се
обврзува да ги собира и обработува само потребите лични податоци за исполнување
за целите за кои се собираат. Личните податоци кои ги обработува Друштвото се:
13.4.1.
Податоци за идентитет и контакт: име, презиме, датум на
раѓање, адреса на живеење, единствен матичен број на граѓанинот, број на Лична
карта, Пасош и Возачка Дозвола, телефонски број, електронско сандаче
(„е-маил“), пол, држава на живеалиште;
13.5.
За целите од Точка 13.4 на овие Општи услови, Корисникот
на услугата, односно Закупецот и Возачот и/или Дополнителниот Возач се согласни
Друштвото да направи фотокопија од соодветните исправи и да ги чува во
согласност со Законот за заштита на личните податоци, подзаконските акти, како
и позитивните законски прописи.
13.6.
Друштвото ги чува личните податоци за Корисникот на
услугата, односно Закупецот и Возачот и/или Дополнителниот Возач додека трае
облигациониот однос, како и по завршувањето на облигациониот однос додека трае
легитимниот интерес на Друштвото за чувањето на личните податоци.
13.7.
За повеќе информации во врска со обработката на личните
податоци од страна на Друштвото, Ве упатуваме на Политиката за приватност на
Друштвото која е објавена на Интернет страницата (ХХХХ)и достапна во деловните
објекти на Друштвото.
14. Завршни
одредби
14.1.
Виша сила:
14.1.1.
Друштвото не одговара за прекин на неговите услуги или во
случај на неможност на извршување на Договорот за закуп, како и последиците од
овие случаи, кои се надвор од контрола на Друштвото, односно се последица на
виша сила и околности кои не можеле да бидат предвидени, спречени, отстранети
или избегнати од страна на Друштвото;
14.1.2.
Друштвото нема да одговара поради неможност да ги
извршува работите од овие Општи услови во случаите кога настапиле објективни
пречки за вршење на тие работи, а како такви особено се сметаат сите случаи и
дејствија кои ја отежнуваат или оневозможуваат комуникацијата помеѓу Друштвото
и Корисникот на услугата, односно Закупецот и Возачот и/или Дополнителниот
Возач, а особено случаи и активности кои отежнуваат или оневозможуваат вршење
на обврските од страна на Друштвото од Договорот за закуп и овие Општи услови,
причинети со виша сила, војна, немири, терористички акти, штрајкови, пандемии и
епидемии, земјотреси, поплави, пожари, невреме како и сите други случаи и
околности кои не може да се препишат во вина на Друштвото.
14.2.
Меродавно право и решавање на спорови:
14.2.1.
На овие Општи услови и на Договорот за закуп се
применуваат исклучиво законите на Република Северна Македонија;
14.2.2.
Страните се согласни дека во случај на спор месно
надлежниот суд Основниот граѓански суд Скопје во Република Северна Македонија
ќе има исклучива надлежност за решавање на спор помеѓу Страните кој е во врска
со или произлегува од овие Општи услови и Договорот за закуп;
14.3.
Примероци и меродавен јазик:
14.3.1.
Овие Општи услови се изготвени на макеоднски јазик и на
англиски јазик. Во случај на неусогласеност помеѓу двете верзии на овие Општи
услови, меродавна ќе биде верзијата на македонски јазик.
14.4.
Влегување во сила на Општите услови:
14.4.1.
Овие Општи услови влегуваат на сила и се применуваат од 26.06.2024 година;
14.4.2.
Со денот на влегување во сила на овие Општи услови
престанува примената на какви било постоечки Општи услови на Друштвото кои се
применуваат за услугите на Друштвото кои се предмет на овие Општи услови;
За Друштвото,
Управител Билгин Абдул